Онана: Мегваер е одлична личност и фанстичен фудбалер

Новиот голман на Манчстер Јунајтед Андре Онана, после една недела „урлаше“ на својот нов соиграч Хари Мегваер, после една грешка за време на пријателскиот натпрвар против Борусија Дортмунд.

Голманот ги изгуби нервите, по што на снимката се гледа како му се дере на својот дефанзивец, а сега ја објасни ситуацијата со него.

„Барам многу од моите соиграчи. Мегваер е одличен играч, прави многу и е важен за тимот. Зборував со него, затоа што знам дека е многу добар играч. Одлична личност и фантастичен фудбалер, но мораме да бидеме самокритични. Ако сакаме да освојуваме трофеи, тогаш мораме да бараме многу“, изјави Онана.

Се вчитува...