Ерик тен Хаг се соочува со сериозно исчекување откако на проблемите со отсутни фудбалери се надоврза и повредата што Андре Онана ја заработи на последниот пријателски меч меѓу Камерун и Маурициус.
Камерунскиот голман се пожали на болка во пределот на рамото и откако му беше укажана лекарска помош мораше да го напушти теренот. По новите прегледи беше утврдено дека проблемот не е наивен, па Онана нема да може да се настапи на следниот квалификациски меч со Либија, туку ќе се врати назад во Манчестер.
Останува да се види дали тој ќе може да биде подготвен за враќањето на клупските обврски, гостувањето против Евертон во Премиер-лигата, а потоа и клучниот меч од Лигата на Шампионите на гостувањето против Галатасарај. Доколку Онана не е „фит“, шанса за настап ќе добие турскиот интернационалец Алтај Бајиндир.
Ерик тен Хаг за дуелот со Евертон нема да може да смета на Лисандро Мартинез, Кашемиро, Ериксен и Хојлунд, а неизвесен е настапот на Шо, Еванс, Маласија и на Ван Бисака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА