ООН: Случајот Семенија е во спротивност со меѓународните човекови права

Олимписката шампионка на 800 метри, Кастер Семенија ја тужи меѓународната аматерска атлетска федерација ИААФ поради обидот да го ограничи нивото на тестостерон кај дамите кои трчаат на делниците поголеми од 400 метри. На нејзина страна застана Советот за човекови права на Обединетите нации од каде велат дека плановите за класификација на женските спортисти според нивните нивоа на тестостерон “се во спротивност со меѓународните човекови права”.

Според правилата на ИААФ женските спортисти со природно високо ниво на тестостерон треба да се натпреваруваат против мажите или со земање лекови да го намалат нивото во организмот. Прописите ќе се однесуваат на жените кои ќе трчаат на делниците од 400 метри до 1 милја, а од атлетичарките ќе бараат да ги одржуваат нивоата на тестостерон најмалку шест месеци пред да се натпреваруваат.

Прашањето беше дискутирано на 40. седница на Советот зе а човекови права на ООН, на кој делегатите побараа за следниот состанок да се состави детален извештај. Во меѓувреме од телото изјавија дека се загрижени поради предлогот од страна на ИААФ, бидејќи според нив ова правило е непотребно, понижувачко и штетно.

Од советот велат дека мора сите да се воздржат од развој и примена на политика која ги присилува спортистките да ги извршуваат непотребните, понижувачки и штетни медицински постапски со цел да имаат право за учество во спортовите во женска конкуренција.

Се вчитува...