Романската тенисерка Ирина Бегу се пласираше во третото коло на Ролан Гарос по победата над Екатерина Александрова во меч кој го одбележа инцидентот по вториот гем од одлучувачкиот трет сет.
Мечот беше прекина на неколку минути откако Бегу со рекет погоди дете на трибините. Инцидентот беше несреќен случај затоа што рекетот се одби кон детето од површината за игра по исфрлувањето од изнервираната Романка.
Иако детето не се здоби со повреди, тенискиот свет ја обвини Бегу посебно затоа што за идентичен случај Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од УС-Опен во 2020 година, по случаен удар со топче на линиска судијка.
Deporte | La tenista rumana Irina Begu, número 63 del ranking WTA, vio opacado su triunfo en segunda ronda de Roland Garros por una cuestionable reacción pic.twitter.com/oWzSoB1Z99
— Viaconectados (@viaconectados) May 26, 2022
И самата Александрова бараше дисквалификација на противничката, но тоа не се случи. На крај организаторите понудија објаснување. Родителите имаа одлучувачка улога околу одлуката на Ролан Гарос.
„Супервизорот на Ролан Гарос разговараше по инцидентот со родителите кои беа со синот и тие потврдија дека е неповреден. Според процедурите, на тенисерката и е изречена опомена поради неспортско однесување“ – се вели меѓу другото во соопштението од Ролан Гарос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА