Оригинална одбрана – Азар не е дебел, за се е виновен дресот на Реал Мадрид

Белгискиот интернационалец, Еден Азар се уште не се вклопи во играта на Реал Мадрид, а многумина сметаат дека тоа е поради вишокот на килограми кој го има во моментов. Повиците дека е дебел не престануваат, а навивачите сметаат дека Белгиецот ќе мора да поработи на намалување на килажата. Во одбрана на Азар застана еден од тренерите на белгиската репрезентација кој смета дека тој воопшто не е дебел.

„Азар воопшто не е дебел. Го знам многу години и секогаш бил ист. Проблемот е во дресот бидејќи е бел и додава повеќе килограми. Создадена е погрешна слика за него“, изјави еден од тренерите. 

Азар статистички е вториот најлош „галактикос“. Единствено полоша статистика по доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“ имаше поранешниот англиски репрезентативец, Мајкл Овен.

Се вчитува...