Орландо Меџик ќе бира прв на НБА драфтот

Орландо Меџик ќе бира прв на НБА драфтот во 2022 година кој ќе се одржи во јуни, одлучи лотаријата која се одржа синоќа во Чикаго.

Орландо имаше 14 отсто шанси да заврши како прв, исто колку што имаа и Хјустон Рокетс и Детроит Пистонс.

Ова ќе биде прв пик за Орландо по 2004 година кога бираа Двајт Хауард. Орландо прв пик имаше и во 1992 кога го избра Шекил О’Нил како и 1993 кога го бираа Крис Вебер, но веднаш беше трејдан со Пени Хардвеј.

Како втори на НБА драфтот ќе бираат Оклахома Сити Тандер, а во топ 5 уште се Хјустон Рокетс, Сакраменто Кингс и Детроит Пистонс.

 

 

Се вчитува...