Ортега: Одбраната 5-1 на Работник ни создаде многу проблеми

Стратегот на Хановер, Антонио Карлос Ортега, им честиташе на своите ракометари на тешката победа по израмнетата битка со тимот на Работник. Македонскиот претставник достојно му се спротивстави на бундеслигашот во првиот натпревар од груната фаза од Купот на ЕХФ, но недоволното искуство на „фармацевтите“ од Битола придонесе во самиот финиш да се потклекне и да се забележи пораз од овој силен противник.

„Мислам дека заслужено победивме, честитки и до тимот на Работник за коректната партија. Ова беше добар натпревар, во првото полувреме противникот ни создаваше проблеми и лесно погодуваше од шест метри, во вториот дел се консолидиравме и го запревме ова нивно оружје. Одбраната 5-1 на гостите ни создаде многу проблеми во второто полувреме, најмногу поради повредата на Фабијан Бем со кого не сакав да ризикувам. Беше тешко, но дојдовме до посакуваната победа, сега се вртиме кон дуелот со Нексе, уште еден натпревар на кој посакуваме бодови“ – изјави шпанскиот тренер на клупата на Хановер.

Се вчитува...