Осака елиминирана уште во првото коло, Швјонтек продолжува да гази

Јапонската тенисерка Наоми Осака доживеа елиминација уште на стартот на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос. Јапонката во првото коло загуби од Американката, Аманда Анисимова со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-4.

Во првиот  сет клучен беше брејкот во единаесетиот гејм за американската тенисерка, додека во вториот седмиот гејм беше одлучувачки. Анисимова во следното коло ќе игра против хрватската тенисерка Дона Векиќ која се враќа по тешката порака.

Првата тенисерка во светот Ига Швјонтек стигна до нова убедлива победа откако на стартот во Париз славеше над Украинката, Лесија Цуренко со 2-0 (6-2 и 6-0).

Во втората рунда денеска пласман обезбедија и: Квитова, Петковиќ, Тревисан, Женг и Савил.

Се вчитува...