Двократната грен-слем шампионка, Наоми Осака ја прекина соработката со тренерот Џермејн Џенкинс. Јапонката изјави дека чуствува дека е време за промена.
„Сакам да ве известам дека Џеј и ја веќе нема да соработуваме. Многу сум благодарна на времето кое го поминавме заедно и на сето тоа што го научив од него на теренот, но и надвор од него. Благодарам на се, ми беше задоволство“, напиша Осака.
Инаку, Осака и Џенкинс соработката ја почнаа годинава во февруари месец, откако Јапонката по двата освоени грен-слема ја прекина соработката со Саша Бајин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА