Јапонската тенисерка Наоми Осака призна дека се наишла на страшна ситуација, откако во еден трговски центар во САД почнала престрелка и таа морала да се сокрие.
Некогашната тенисерка број 1 играше на мастерсот во Мадрид, и испадна во второто коло, а не учествува на Ронал Гарос поради повреда.
„Бев во Барклејс центарот и изненадувачки слушнав викање и видов луѓе како бегаат, а потоа не повикаа дека е во тек престрелка и моравме да се сокриеме во една просторија и да затвориме врата. Бев преплашена. Се надевам дека сите излегоа на безбедно, затоа што додека ова го пишувам, ние излеговме безбедно“, напиша Осака.
I was just in the Barclays center and suddenly I heard shouting and saw people running, then we were being yelled at that there was an active shooter and we had to huddle in a room and close the doors, I was so fucking petrified man.
— NaomiOsaka大坂なおみ (@naomiosaka) May 29, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА