Осим: Најголемата грешка на Србите беше смената на Славољуб Муслин

Фудбалската репрезентација на Србија не успеа да ја мине групната фаза на Светското првенство во Русија, а игрите на нашиот северен сосед ги анализираше Ивица Осим, легендарниот селектор на поранешна Југославија.

„Знам дека на многумина во Белград не им се допаѓа како играше Србија. Имаше тука навистина многу недостатоци, дури и недопустливи за едно вакво големо натпреварување. Не се менува селектор после пласман на Светско првенство. Тие што и малку се разбираат во фудбал знаат дека не е лесно да создадеш добра атмосфера во екипата, да го воиграш тимот. За тоа се потребни неколку години, а кога сето тоа ќе го направип, ако го смениш селекторот, можеш да уништиш се од претходно. Грешките скапо се плаќаат и тоа Србите сега веројатно го увидоа. На Мундијал, мора точно да знаеш што сакаш, а не да луташ од натпревар на натпревар. Тука се игра на резултат и само тој е важен“, анализира Ивица Осим.

Се вчитува...