Осимен го остава Наполи во игра за титулата во Серија А (ВИДЕО)

Наполи стигна до победа со пресврт на домашен терен против Удинезе со 2-1 во натпревар од 30. коло во италијанската Серија А.

Херој за „наполитанците“ беше Виктор Осимен кој донесе целосен пресврт со головите во 52. и 63. минута, откако претходно во првото полувеме Жарар Деолуфеу донесе водство за гостите од 0-1 во 22. минута.

До крајот за издвојување е и црвениот картон на фудбалерот на гостите Мари. Елјиф Елмас влезе во натпреварот во 88. минута, додека Илија Несторовски и овој меч го помина на клупата за резервни фудбалери на Удинезе.

 

 

 

 

Се вчитува...