Осимен опериран, следува пауза од најмалку три месеци

Полоша вест за Наполи од првиот пораз сезонава од Интер, е тешката повреда на напаѓачот Виктор Осимен, кој ќе мора да паузира 90 дена.

Тој денеска бил опериран, а сега ќе пропушти добар дел од сезоната. За Наполи тоа би можело да биде лошо, затоа што се борат за титулата.

„Се надевам дека ќе биде подготвен за дуелот со Милан во декември“, рече Спалети веднаш по мечот со Интер, но сега дојдоа полоши вести, односно дека голгетерот ќе ги пропушти и декември, и јануари и добар дел од февруари. Ако оди се како што треба со рехабилитацијата, тогаш би требало да се врати некаде кон почетокот на март.

Се вчитува...