Оскар Табарез уште четири години на кормилото на Уругвај

Оскар Табарез и во следните четири години ќе биде селектор на Уругвај. Тој веќе 12 години е предводник на уругвајската фудбалска репрезентација, а сега потпиша нов четиригодишен договор кој ќе го задржи на кормилото и во наредниот период.

Уругвај на Светското првенство во Русија беше елиминиран од Франција во четвртфиналето. Целта на Табарез е и четврти пат да го предводи националниот тим на мундијалите.  Доколку успее да ги поминe квалификациите, 71-годишниот Табарез ќе биде дел и од Мундијалот во 2022 година.

Се вчитува...