Оскар за Ламела: Заслужи ли Марсијал црвен картон?

Манчестер Јунајтед остана со фудбалер помалку по само дваесетина минути игра на дуелот со Тотенхем, откако главниот судија реши да го исклучи Антони Марсијал за овој удар на Ерик Ламела.

Иако е очигледен контактот, се чини дека црвениот картон е престрого доделен, особено ако се земе во предвид дека Ламела прв замавна и го удри напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Откако следеше одговорот, Аргентинецот падна како покосен, за што дефинитивно заслужува да биде меѓу кандидатите за „фудбалски оскари“ – за актер на годината на терените ширум светот.

Се вчитува...