Оскудација во ЦСКА – нема веќе приватен авион, буџетот сериозно намален

Европскиот првак ЦСКА Москва ќе има огромни проблеми да се бори за тронот во Евролигата откако првиот човек на клубот, Андреј Валутин обелодени дека рускиот гигант ќе има значително намалување на буџетот за 2020/21. Причината е добра позната – коронавирусот предизвика огромни трошоци кај генералниот спонзор „Аерофлот“, поради што ЦСКА ќе има на располагање најмалку 25% од парите што рускиот гигант вообичаено ги трошеше секоја сезона.

Веќе ќе го нема ни луксузот во овој клуб, на гостувањата во Евролигата ќе се патува со редовни летови, а не се приватен авион како што тоа беше случај досега.

„Доведовме две засилувања во Милутинов и Шенгелија, но поради проблемите со кои се соочуваме останавме без играчи како Хајнс, Воронцевич, Куфос, Бејкер… Буџетот за плати не е зголемен, како што тоа го правевме секоја година, но севкупниот буџет сигурно ќе страда за најмалку 25%. Не станува збор само за парите од генералниот спонзор, туку и за намалените приходи бидејќи најверојатно ќе мораме да играме пред празни трибини“, изјави Валутин.

Се вчитува...