Ослабената Барса ремизираше без голови со Хуеска

Тренерот Ернесто Валверде одлучи да одмори дел од најдобрите фудбалери, а Барселона без Лионел Меси и Луис Суарез во нападот сепак не е толку уверлива. Каталонскиот тим ремизираше без голови на гости против Хуеска. Проценките се дека сепак многу поважен е реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед.

Осман Дембеле ја имаше најубавата шанса за Барселона, но домашниот голман Роберто Сантамарија успеа да одбрани. По 32 кола, Барселона се наоѓа на врвот со 74 бода, дури 12 повеќе од Атлетико Мадрид.

Се вчитува...