Осман Дембеле ќе паузира шест месеци и ќе го пропушти и ЕВРО 2020

Францускиот интернационалец Осман Дембеле ќе биде надвор од терените во наредните шест месеци откако денеска беше опериран во Турку, Финска. За него сезоната е завршена, а ќе го пропушти и Европското првенство. Дембеле мораше да замине на операција кај д-р Сакари Орава за да ја санира повредата на тетивата на бутниот мускул на десната нога. Пред две години тој имаше идентичен хируршки зафат на левата нога.

Дембеле е вториот офанзивен фудбалер кој ќе отсуствува до крајот на сезоната во таборот на Барселона. Претходно и Луис Суарез сериозно се повреди и според проценките ќе паузира најмалку три месеци.

 

Се вчитува...