Османи: Не знам дали да сум задоволен или не од ремито во Струга

Ренова и со играч помалку низ целото второто полувреме успеа да дојде до бод од тешкото гостување против Струга Трим Лум.

Шефот на стручниот штаб на „гипсарите“ Ќатип Османи е сепак, збунет, од ремито затоа што, како што вели, неговата екипа токму со фудбалер помалку имала идеални можности и за победа на натпреварот.

„Не знам дали да бидам задоволен или не од ремито во Струга. Кога двете екипи бевме комплетни, домаќините беа тие кои играа и доминираа. Во второто полувреме ние ги имавме поубавите можности за погодок, кои не знам како не успеавме да ги реализираме. Без разлика, секој бод за нас е голем, бидејќи целта се остварува со освојување бодови“ – ни изјави Османи.

Се вчитува...