Османи: Охрид покажа дека е одлична екипа, но ние успеавме до целта – Прва лига!

Шефот на стручниот штаб на Ренова, Ќатип Османи не го криеше задоволство од обезбедениот опстанок на неговиот тим.

„Гипсарите“ преку пенал-рулетот од мечот со Охрид обезбедија прволигашки статус и следната сезона.

„Како и што очекувавме тежок натпревар. Охрид потврди дека ја има најдобрата одбрана во двете второлигашки конкуренции. Одличен млад тим против кој ние немавме идеја во организацијата на нападите. Ги немавме неопходните финални проигрувања, па на крај може да бидеме и задоволни што среќено дојдовме до голот за пенали во 89. минута. Во секој случај, честитки за моите фудбалери за покажаниот карактер. Посакувавме опстанок на почетокот од пролетниот дел и успеавме во тоа“ – истакна по мечот Османи.

Се вчитува...