Османовски е второто засилување на Работнички

Работнички го комплетираше и вториот трансфер за наредната сезона, откако денеска потпиша договор со Анес Османовски.

По ангажманот на Бојан Илиевски од Пелистер, на „романтичарите“ им се приклучи и Османовски, играч за врска кој почетокот на кариерата го минал во Германија.

„Анес Османовски е квалитетен фудбалер од средниот ред кој ја минал германската фудбалска школа во Минхен 1860, а потоа и во Унтерахинг. Успеавме да постигнеме договор да ни се придружи и лично се надевам дека ќе донесе квалитет плус и ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот. И во наредниот период продолжуваме со активности на трансфер-пазарот во пресрет на новата сезона“, изјави спортскиот директор на „романтичарите“, Горан Станковски,

Се вчитува...