„Осми играч“ – Е. Пелистер со специјална фан-зона во чест на роденденот на „Чкембари“

Управата на Е. Пелистер на оригинален начин го честита родендено на своите најверни навивачи, членовите на групата „Чкембари“ која пред неколку дена го прослави својот 41. роденден.

Битолскиот клуб организира специјална „фан зон“ во чест на „Чкембари“, што ќе биде поставена пред почетокот на дуелот со Ла Риоха, првиот европски натпревар на „пелистерци“ во новата сезона закажан за среда.

„ОСМИОТ ИГРАЧ ДОБИВА СВОЕ МЕСТО. 🍀🤍

👏💪 41 година се на трибините.

Во победите. Во поразите. Дома и на гости.

Гласни кога требаше да се победи. Уште погласни кога беше најтешко.

Оваа европска вечер, пред да почне натпреварот во салата, почнуваме надвор.

РК Еурофарм Пелистер ја отвора ФАН-ЗОНАТА „ОСМИОТ ИГРАЧ“, посветена на 41 години Чкембари.

Зелен килим. Музика и диџеј. Навивачко шминкање. 360° камера. Клупски производи. Зона за најмладите. Храна и пијалаци. И едно заедничко одбројување пред да влеземе во сала

🎉💚⚪️ Во чест на оние што 41година покажуваат што значи да се биде зад својот клуб.

На теренот се седум. Осмиот е на трибините.

🍀 ЧКЕМБАРИ 1985. 🍀 41 ГОДИНИ СО ПЕЛИСТЕР.

📍 Платото пред спортската сала ⏱️ 18:00h

⚪️🟢👉 Дојди порано. Натпреварот овојпат почнува пред салата“, објави македонскиот вицешампион.

Се вчитува...