Осорио: Нејмар е срам за фудбалот

Мексиканскиот селектор Хуан Карлос Осорио жестоко го нападна Нејмар за неговата театралност за време на денешниот натпревар. Асот на ПСЖ беше човек на одлука со еден гол и една асистенција, но Осорио се осврна на неговите бројни падови за изнудување на прекршок, како и глумата и превртувњето крај аут-линијата за да изнуди црвен картон за еден мексикански фудбалер.

„Штета е што не дојдовме до нешто повеќе, имавме 53% од посед на топката и мислам дека повеќе го контролиравме натпреварот. За жал, се загуби голем дел од времето поради еден фудбалер и неговите театралности. Нејмар е срам за фудбалот, ова треба да е машки спорт, а во него да нема простор за глума“ – истакна Осорио.

Се вчитува...