Осорио си заминува, Мексико бара нов селектор

Колумбиецот Хуан Карлос Осорио, ја одби понудата за продолжување на селекторскиот договорот со Мексико и ќе бара нов тренерски ангажман, а Мексиканците нов селектор.

Репрезентацијата на Мексико настапот на СП во Русија го завршиу со пораз од фаворитот Бразил. Мексиканците имаа променлив настап на Мундијалот на кој со извонредна игра ја победија Германија, а набрзо потоа беа декласирани од Шведска.

Но без разлика на резултатите Мексиканците имаа препознатлив стил на игра и ги собраа симпатиите во настапите на СП, а голем дел од заслугата за тоа имаше ток му селекторо Осорио.

На колумбискиот стратег после настапот на СП во Русија, понуден му е нов договор, но тој реши да си замине.

Им благодарам на мексиканските навивачи, на раководството на Федерацијата, а посебно на играчите со кои имав чест да работам како селектор. Ја работев својата работа со голема посветеност и со многу страст и гордост“ – изјави Осорио.

Се вчитува...