Останува ли Црвена Звезда без тренер, Дејан Станковиќ на средба со претседателот на Сампдорија?

Тренерот на фудбалскиот клуб Црвена Звезда, Дејан Станковиќ во Милано се сретнал со првиот човек на Сампдорија, Масимо Ферер. Причината била Станковиќ да го преземе тимот од „Марасија“, со оглед на тоа што Сампдорија не планира да ја продолжи соработката со Клаудијо Раниери, чиј договор истекува на крајот на сезоната.

Искусниот италијански стручњак се согласил на намалување на платата, но сака двегодишен договор, додека Сампдорија нуди продолжување на соработката за уште една сезона, вака пренесуваат италијанските медиуми.

Сампдорија го контактираше Станковиќ, но наскоро генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, објави дека тренерот на „црвено-белите“ нема да оди никаде ова лето. Неофицијално, состанокот се случил во миланскиот ресторан „Да Берти“, но исходот не е познат. Станковиќ на Сампдорија сериозно го препорачал својот кум Синиша Михајловиќ, кој е во добри односи со Масимо Ферер.

Се вчитува...