Останувањето на Жиру во Челси било „божја интервенција“

Оливие Жиру верува дека „Бог сакал да остане во Челси“. Напаѓачот потпиша продолжување на договорот со лондонскиот клуб, но вели дека бил комплетно подготвен за заминување во јануарскиот преоден рок оти сметал дека му е потребна поголема минутажа за да обезбеди место во составот на Франција за ЕВРО 2020.

„Требаше да си одам во јануарскиот трансфер-прозорец бидејќи не играв доволно, а ми беше потребна минутажа за да имам место во тимот на Франција на Европското првенство. Речиси и го напуштив клубот, но мислам дека Бог сакаше да останам во Челси. Менаџерот ми рече дека не може да ми дозволи да си одам. Сите знаете што се случи, зборував со тренерот приватно и тој ми вети дека ќе ми даде повеќе натпревари“ – вели Жиру.

Пресвртна точка бил натпреварот против Манчестер Јунајтед на кој Жиру влезе од клупата и импресионираше. Потоа беше во стартниот тим на Франк Лампард на следните пет меча. Потпиша верност со Челси до крајот на следната сезона.  Жиру објаснува дека разговарале со Лампард и оти менаџерот му рекол дека никако не може да го пушти да си оди затоа што едноставно нема кој да го замени.

Се вчитува...