Осуден педофил прв сведок на одбраната на Манчестер сити

Поранешниот фудбалски тренер Бери Бенел кој поради педофилија беше осуден на 34 години затвор, сведочеше пред судот во Англија во корист на Манчестер сити во спорот кој се води по тужба на неколку мажи, кои некогаш биле дел од младинските школи на тимот.

Осум мажи сега во своите четириесетти и педесетти години го тужеа Сити бидејќи токму Бенел бил еден од скаутите на клубот кој ги злоупотребувал како деца.

Бенел на основ на шесте тогаш деца отслужува казна за педофилија, а пред судот сведочеше во корист на клубот кој ги отфрлува обвиненијата велејќи дека тој не бил вработен.

Тој наведе дека неговите младински тимови не биле поврзани со клубот.

Се вчитува...