Осудената ѕвезда на Јувентус објави план од затвор: „Овде никој не може да биде заштитен од Ковид-19“

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Винченцо Џакинта и светскиот шампион со Италија од 2006 година две години мина во затвор поради нелегално поседување оружје. Ослободен беше од обвинението дека и помагал на калабриската мафија, па сега на 40 години почнува нов живот.

„Јас сум позната личност, пиштолите ги купив за во иднина да имам кога ќе бидам во фудбалска пензија. Сакав да одам и на стрелиште кога имав слободно време“ – рече на судењето во 2018 година.

Неговиот татко Џузепе беше прогласен за виновен за соработка со мафијата и доби 19 години затвор. А, како пандемијата на коронавирусот се шири во Европа, посебно во Италија, на Винченцо му засметаа условите во затворите во Италија. На својот Инстаграм профил објави план од затворот и замоли да им се помогне на луѓето кои не може да одржуваат социјална дистанца.

„Сигурен сум дека татко ми е невино осуден. Ова е планот од затворот во Вогера. Како затворениците тука може да бидат на сигурна дистанца? Никако“ – вели Винченцо, кој пред две години ги обвини обвинителите дека го уништиле неговиот и животот на неговото семејство.

Се вчитува...