Осум гола на „Стадио Олимпико“: Удинезе избегна пораз во 99. минута

Лацио и Удинезе одиграа неверојатен натпревар во 15. коло од Серија А, а истиот заврши со реми проследно со осум пгодоци (4-4). Голеадата на „Стадио Олимпико“ започна во 17. минута кога Бето ја затресе мрежата за гостите, а истиот играч донесе и водство од 0-2 во 32. минута.

Две минути подоцна Имобиле успеа да го намали водството на Удинезе на 1-2, но гостите повторно стигнаа до „двојна предност“ при самиот крај на првото полувреме кога Молина на асистенцијата на Делофеу ја протна топката зад грбот на Рејна.

Второто полувреме донесе сосема спротивна игра. Лацио преку Педро во 51. минута повторно се врати во мечот, а Милинковиќ-Савиќ пет минути подоцна донесе и изедначување (3-3). Веќе во следната минута домашниот состав остана со играч помалку откако Патрик го заработи и вториот жолт картон, но гостите не ја искористија шансата.

Наместо да играат со играч повеќе, Молина го доби својот втор жолт картон поради удар со лакт па силите беа изедначени од 69. минута, а тоа го искористи Акерби кој во 79. минута донесе и целосен пресврт за Лацио, кој на крајот се постави како недоволен за триумф откако во 99. минута Арслан погоди за 4-4.

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски кој сеуште се опоравува од повреда голеадата ја проследи од клупата.

Се вчитува...