Осум гола во Севилја со среќен крај за домашните, Барди се врати на терените (ВИДЕО)

Крајно интересен натпревар се одигра во Севилја, на кој сведок беше и Енис Барди кој одигра едно полувреме, односно влезе од клупата во 46. минута.

Торес и Мир донесоа 2:0 ушпте во 24. минута за домашните. Торес особено постигна ефектен гол од волеј. Моралес намали на 2:1, а Диего Карлос ја врати предноста од два гола пред крајот на полувремето.

Ел Хадади во 50. минута донесе и 4:1 за Севилја, а потоа следуваа минути за Леванте и два брзи гола преку Моралес и Мелеро за 4:3.

Регес донесе 5:3, а во финишот возбудувања, досуден па поништен пенал за Леванте, многу тензии и мешаници, на крајот со победа на домашниот тим.

Се вчитува...