Осум месеци пауза за Марко Нелоски!

Повредата што Марко Нелоски ја заработи на петочниот дуел меѓу Кобург и Балинген е многу сериозна, па македонскиот репрезентативец го очекува нова долга пауза од терените. Германскиот второлигаш Кобург на својата официјална веб-страница само ги потврди стравувањата дека повредата на Нелоски е од сериозен карактер, поточно дека станува збор за сериозен проблем со вкрстените лигаменти и со менискусот.

„За жал, станува збор за скинати лигаменти и повреда на менискусот. Тој ќе биде опериран од страна на Доктор Штробел, по што ќе следи пауза од околу осум месеци. Ова е огромен проблем, ситуација за која ќе мораме да најдеме излез. Му посакуваме на Марко брза рехабилитација“ – објави клупскиот лекар на Кобург.

Младиот бек се соочуваше со сериозни проблеми со повреди и за време на престојот во Металург, а за жал малерите продолжија да го следат и по преселбата во Германија.

Се вчитува...