Освои скудето со Елмас, сега ќе си замине од Наполи

Ирвинг Лозано е еден од играчите кои се очекува да си заминат од Наполи во текот на летниот преоден рок, трансфер за кој зелено светло веќе дал и тренерот Лучијано Спалети. Мексиканскиот репрезентативец беше стандарден во првиот тим на „наполитанците“, но Спалети има повеќе опции за позицијата десно крило и доколку пристигне интересна понуда, Лозано ќе може да си замине од Неапол.

Клубови од Шпанија ги следат неговите игри веќе две години, но многу пореално е Мексиканецот да се пресели во Премиер-лигата, ако се знае дека англиските клубови се со далеку поголема куповна моќ од оние во останатите делови во Европа.

„Во Наполи постојат играчи кои важат за недопирливи, но Лозано не е меѓу нив. Ако пристигне понуда што е интересна, тој ќе си замине од клубот“, пишуваат италијанските медиуми за иднината на брзоногиот офанзивец во Неапол.

Лозано заработи незгодна повреда на последниот меч на Наполи, по што оваа натпреварувачка сезона предвреме заврши за мексиканскиот фудбалер.

Се вчитува...