Откако го обезбеди Халанд, Сити го купува најдобриот играч на Брајтон!

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, по обезбедувањето на Ерлинг Халанд тргнува по нови засилувања. Во летниот преоден рок „граѓаните“ планираат да ја засилат левата бековска позиција, каде моментално го имаат на располагање само Олександар Зинченко.

Бенжамин Менди се наоѓа во затвор откако против него се покренати осум обвиненија за силување, па затоа Сити веројатно ќе го раскине договорот со овој фудбалер. Приоритет на Гвардиола ќе биде шпанскиот интернационалец од редовите на Брајтон, Марк Кукуреља.

Понудата за левиот бек ќе биде околу 30 милиони фунти. Се работи за 23-годишен фудбалер, кој потекнува од младинската академија на Барселона, Ла Масија, а во кариерата играше и за Хетафе. Тој за една сезона во дресот на Брајтон успеа да ги импресионира сите и заслужено ја доби наградата за најдобар играч на клубот оваа натпреварувачка година.

Се вчитува...