Откако остана без клучни засилувања, Тухел го активира „планот Б“ во Баерн Минхен

Баерн Минхен е најголемиот губитник од последниот ден на летниот преоден рок. Баварците останаа без ангажман на три фудбалери откако пропаднаа трансферите на Жоао Палињо, Армел Бела-Котчап и Тревоа Чалоба.

Сите тројца требаа да бидат дел од ротацијата и својата шанса да ја добиваат од клупата, но откако германскиот гигант не успеа да ги реализира трансферите Томас Тухем ќе мора да го активира „планот Б“, откриваат германските медиуми.

Истиот ветува шанса на неколку фудбалери кои не беа во првичните планови. Па така десната бековска позиција ќе ја покриваат Конрад Лаимер и Боуна Сар, стоперската позиција ќе биде слободна за 18-годишникот Тарек Бухман, а шанса во средината на теренот ќе добие 19-годишниот Александар Павловиќ кој има српско потекло.

Се вчитува...