Откако принцот Бин Салман го презеде Њукасл, Зидан кандидат за тренер

Откако денеска беше официјално објавено дека Премиер-лигата дала зелено светло саудискиот принц Мохамед Бин Салман да го купи Њукасл, веќе и првата шпекулација за новиот тим-менаџер на клубот.

Новите сопственици се решени да го сменат актуелниот менаџер Стив Брус, а на негово место го сакаат никој друг туку Зинедин Зидан.

Доколку Зидан го одбие принцот, тогаш следни на листата кандидати се тренерот на Фламенго, Жорге Хесус и Кевин Киган. Сепак, најголем фавори за клупата на Њукасл е Маурицио Покетино. Се претпоставува дека токму тој ќе го предводи тимот во иднина.

Се вчитува...