Откажани Формула 1 трките во САД, Бразил и Мексико, на нивно место Нирнбургринг, Имола и Портимау

Откажани се трките во Формула 1 шампионатот во САД, Мексико и Бразил поради ситуацијата од пандемијата од коронавирусот. Раководството на Формула 1 не сака да ризикува со одржување на трки во државите кои се меѓу најзагрозените од вирусот во светот. Наместо овие три трки домаќини на Големите награди ќе бидат земји во Европа.

Тие ќе бидат организирани на Нирнбуринг во Германија и во Имола и Портимау. Се очекува до крајот на годината да бидат додадени уште две трки во Бахраин и една во Абу Даби.

 

Се вчитува...