Отказот од Њукасл стави крај на кариерата на Стив Брус?! – „Оваа работа стана ужасно напорна“

Стив Брус издржа две недели на кормилото на Њукасл по доаѓањето на новите газди кои утрово му врачија отказ на 60-годишниот стратег. Со тоа заврши „епизодата“ на Англичанецот во северо-источна Англија, но можеби и крај на неговата богата кариера.

Тоа го најави самиот Брус кој напиша дека тренерската работа станува ужасно напорна за него и неговата фамилија.

„Мислам дека ова е последниот ангажман во мојата кариера. Не е до мене, но оваа работа стана ужасно напорна за мојата фамилија. Од првиот ден во Њукасл ми беше многу, многу тешко. Мислев дека може ќе истрпам, но ова е неиздржливо. Не ме сакаа, велеа како нема да успеам, дека сум бескорисен и тактички неспособен… И тоа од првиот ден. Кога резултатите беа добри тогаш говореа ‘Да, но неговиот стил на фудбал е ужасен има само среќа’. Неверојатно. Не чинев ни кога беше добро“, напиша Брус кој потоа им се заблагодари на тие кои го поддржаа…

„Беше чест да бидам дел од овој голем клуб кој има неверојатна поддршка од навивачите. Се надевам дека новите сопственици ќе бидат успешни и дека ќе ги веселат. Им посакувам среќа. Им благодарам на мојот стручен штаб и на играчите. Имавме подеми и падови, но тие секогаш даваа се од себе и на тоа сум горд“

Стив Брус својата богата кариера ја започна на клупата на Шефилд Јунајтед во 1998 година, а оттогаш ги предводеше и Хадерсфилд Таун, Виган, Кристал Палас, Бирмингем, Сандерленд, Хал, Астон Вила и Шефилд Венсдеј.

Се вчитува...