Откриен вистинскиот „виновник“ за трансферот на Бруно Фернандеш во Јунајтед

Португалскиот интернационалец, Бруно Фернандеш во потполност ги оправда епитетот засилување за Манчестер Јунајтед. Фантастичниот Португалец го подигна нивото на играта на црвените-ѓаволи, а заслугите за тоа што Фернандеш го одбра тимот од „Олд Трафорд“ ги има поранешниот фудбалер на клубот, Луиш Нани.

„Кога слушнав дека има можност да оди во Англија му реков: Немој ни случајно да си го одбрал Сити, немој ниту еден друг тим освен Манчестер Јунајтед“, изјави Нани. 

Нани во сезоната 2014/2015 играше заедно со Фернандеш во Спортинг Лисабон. Тој истакнува дека од самиот почеток се гледало за каков талент се работи.

Се вчитува...