Хрватските медиуми ја открија платата која ја заработува Џенаро Гатузо како тренер на сплитски Хајдук.
А, хрватската јавност е шокирана од висината на истата ако се знае дека Гатузо на почетокот од сезоната не ги исполнува очекувањата. Освен елиминацијата во европските натпреварувања, актуелен изминатиов период беше и проблемот меѓу Гатузо и Перишиќ, по што хрватската ѕвезда го напушти клубот.
Сплитскиот новинар Едо Пеци откри дека платата на Гатузо во Хајдук изнесува 2,4 милиони евра и тоа во оваа сума не се пресметани трошоците за неговите помошници. Исто така Гатузо според зборовите на Пеци договорил и оштета од 2.5 милиони евра во случај на предвремен отказ.
Интересно, тоа е повисока плата и од онаа, 2 милиони евра, колку што Гатузо земаше во Наполи, клубот со кој досега го освои единствениот трофеј во тренерската кариера. Валенсија и Марсеј го плаќаа по три милиони евра годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА