Откриена тајната на Роџер Федерер

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е еден од најдобрите на сите времиња и осум пати го освои Вимблдон. Гранд-слем турнирот во Лондон почнува во понеделник на 27. јуни, а познатиот тениски тренер, Патрик Муратоглу објасни како Федерер некогаш изгледал на трева.

Тој ја откри тајната на Швајцарецот, која му донесе рекордни осум титули на светата трева во „Ол-ингланд“ клубот.

„Најголемиот успех на Федерер доаѓа од одличната работа со нозете. Тој речиси плови на тревата, кога ја напаѓа топката знае да го испрати тој удар до крај. Неговиот центар на рамнотежа, во споредба со другите, е речиси совршен, израмнет со неговите колкови и поради тоа речиси секогаш може да балансира“, изјави Муратоглу.

Се вчитува...