Откриени деталите: Роналдо бил спакуван за Сити, а тогаш му се јавил Пеп Гвардиола…

Манчестер Сити долго време беше во пол-позиција за ангажман на Кристијано Роналдо во своите редови, за ситуацијата да се промени за само два часа, по што Португалецот наместо во сината, се пресели во црвената страна од Манчестер, потпишувајќи договот со Јунајтед.

Во текот на денешниот ден се појавија нови детали за текот на преговорите, според кои Пеп Гвардиола е виновникот што Кристијано не потпишал за Сити. Според овие информации, телефонскиот разговор што Роналдо го имал со трофејниот стручњак пресудил тој да се премисли и да му наложи на менаџерот Мендеш да ги интензивира преговорите со Јунајтед.

„Ако дојдеш кај нас, ќе се обидеме да живееме заедно. Сепак, ништо не можам да ти гарантирам“, му порачал Гвардиола на Роналдо, според информациите на италијанскиот весник „Република“.

Ова претставувал голем удар за егото на Кристијано, кого на спротивната страна Оле Гунар Солскјер го чекаше со раширени раце, доволна причина за камбек на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...