Челси засега не размислува за смена на тренерот Грем Потер. По поразот од Тотенхем со 2-0, беше извесно дека „сините“ ќе имаат нов тренер, меѓутоа тоа нема да се случи.
После поразот, Потер ги наведе примерите на Микел Артета и Јирген Клоп. Со ова негово мислење се согласуваат и од Челси, од каде му даваат целосна поддршка на тренерот.
И покрај тоа што кружат многу шпекулации во последно време за менаџерскта позиција на некогашниот европски првак, меѓутоа тоа секогаш се случува кога ќе има слаб резултат.
Се чини клучно ќе биде дали Челси ќе обезбеди пласман во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, каде Челси на домашен терен ќе се обиде да ја анулира негативата од Борусија Дортмунд по првиот меч. Доколку не успее, тогаш извесно е дека Потер ќе биде „поранешен“, односно дека раководството нема повеќе да му го даде потребното време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА