Откриено кој меч од „Ла Лига“ ќе се игра во САД

Вилјареал и Атлетико Мадрид би требало да испишат нови страници во историјата на шпанскиот фудбал како први клубови што ќе одиграат меч од „Ла Лига“ во САД. Челниците на „Ла Лига“ по долги консултации го избрале токму овој дуел, кој треба да се одигра во Мајами на 6 декември.

За официјална потврда ќе треба да се добие зелено светло од Шпанската Фудбалска Федерација, но со оглед на прифаќањето на двата клуба да бидат дел од овој спектакл, се очекува да нема пречка за елитното шпанско фудбалско друштво за еден ден да се пресели од другата страна на Атлантикот.

Известување за целиот процес ќе биде испратено до ФИФА и до Министерството за Надворешни Работи на Шпанија, но од нив не се бара специјална дозвола за мечот да биде одигран.

Се вчитува...