Отпишаниот ас на Реал Мадрид пред „романтичен“ трансфер

Герет Бејл освои речиси се што можеше да се освои со Реал Мадрид па имаше и време да го стави голфот пред „кралскиот клуб“, но се чини дека доаѓа крај на една ера. Велшанецот не е во плановите на клубот веќе неколку сезони, претходната ја помина на позајмица во Тотенхен, а оваа зима повторно може да заврши на „Островот“.

Имено, како што пренесуваат англиските медиуми, искусниот голгетер е пред трансфер во редовите на Саутемптон, клубот од кој ја започна блескавата кариера во Премиерлигата, а воедно и еден од ретките премиерлигашки кои се заинтересирани за неговите услуги.

Бејл е дел од Реал Мадрид од 2016 година каде пристигна во трансфер вреден 101 милион. Оттогаш одигра 254 натпревари за „кралевите“ на кои 106 пати ја затресе мрежата, а 67 пати аситираше до своите соиграчи. Неговиот пребогат договор со мадридскиот клуб завршува во јуни 2022 година.

Се вчитува...