Холандија го искористи лошиот влез на Шведска во натпреварот во Хјустон, и поведе брзо со 2-0. Брајан Броби е херојот на „лалињата“, кој доби шанса во првиот тим, и веднаш ја искористи.
Броби во 5. минута го отвори резултатот на асистенција на Гакпо од левата страна, а потоа во 17. минута по додавање на Дамфрис, успеа да постигне и втор гол.
Швеѓаните како да чекаа да примат и втор гол, па да се отворат и да заиграат. Имаа 3-4 одлични шанси, но Вербруген беше феноменален. Дадоа и еден гол, кој беше поништен поради офсајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
