Отворена истрага откако африкански маратонци му „пуштиле“ на Кинез да победи на маратон (ВИДЕО)

Хе Џие е азиски првак во маратон, а до победата во Пекинг стигна на контроверзен начин. Со тоа меѓународната атлетска федерација отвори истрага. Џие наводно бил пуштен од тројца африкански атлетичари за да победи на трката.

На снимките на социјалните мрежи видливо е дека тројца атлетичари од Африка, односно од Кенија и од Етиопија, водеа пред самиот крај, а тогаш му „пуштија“ да победи Кинезот. Станува збор за Роберт Кетер и Вили Мнангат од Кенија и Халил Бикил од Етиопија.

Исто така африканските маратонци му даваа и поддршка кога овој ги претекнуваше.

Се вчитува...