Отворена истрага против атлетичар кој освои сребро во Токио

Британскиот атлетичар, Си Џеј Уџа кој е освојувач на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио каде беше дел од штафетата 4х100 метри, привремено е суспендиран поради наводно кршење на антидопинг правилата.

Ако се докаже сомнението на 27-годишникот, британската штафета ќе остане без сребрениот медал кој го освои на игрите во Токио. Единицата за интегритет во атлетиката (АИУ) соопшти дека тестот на бритнаскиот спринтер покажал присуство на забранети супстанци кои се користат за зголемување на мускулната маса.

„АИУ сега чека заклучоци од истрагата на Меѓународната агенција за тестирање на случајот на спортистот која ќе утврди дали се прекршени антидопинг правилата и дали мора да се преземат санкции“, стои во соопштението. 

Се вчитува...