Отворено пријавувањето за годинeшното издание на „Трка на поезијата“ во Струга

Организаторите на „Трка на поезијата“ која минатата година стартуваше со првото издание на домашната атлетска сцена, информираат дека веќе е отворена можноста за регистрацијата и пријавувањето за годинашното второ издание на трката кое ќе се одржи на 22. мај во Струга.

„Оваа година за сите кои ќе сакаат да учествуваат на трката подготвивме интересни пакети со надеж дека секој ќе може да се пронајде во некоја од понудените опции. За прв пат оваа година нудиме опција за регистрација само со стартно бројче – стандард пакет и опција за регистрација со комплетен пакет (ранче, маица и поклони од спонзори)“ – информираат организаторите на „Трка на поезијата“.

Сите кои ќе посакаат да учествуваат на „Трка на поезијата“ може да се пријават на трките од 5 километри и 10 километри, со опција за бирање на соодветен пакет.

„Изборот е Ваш а обврската е наша. Која обврска? Обврската да организираме настан кој ќе остане запаметен по убавата енергија и насмевките изгравирани во мозаикот на прекрасниот град Струга“ – велат од „Трка на поезијата“.

Регистрација низ фази за „Трка на поезијата 2022“:
1. Фаза 01-28.02.2022
2. Фаза 01-31.03.2022
3. Фаза 01-30.04.2022
4. Фаза 01-17.05.2022

Регистрацијата и пријавувањето за годинашното издание на трката во Струга може да го реализирате на официјалната интернет-страница, www.poetryrun.mk.

Се вчитува...