ОВА Е КРАЈ ЗА СОЛСКЈЕР: Победа со „петарда“ на Ливерпул на Олд Трафорд (ВИДЕО)

Убедлива победа на Ливерпул на гостувањето кај Манчестер Јунајтед, со што отказот на Оле Гунар Солскјер е веќе, се чини, потпишан.

Ливерпул низ целосна доминација на гостувањето кај Манчестер, успеа да победи со 0-5, и да ја продолжи битката за врвот во Премиер-лигата.

Уште на полувремето беше познато дека Ливерпул ќе ги однесе бодовите. Кеита, Жота и потоа три гола на Салах за убедлив триумф. Црвен картон доби Погба, и се чинеше тука приказната за Јунајтед заврши, веќе немаше назад.

До крајот Јунајтед имаше поништен гол, а потоа и пречка, но не успеа да го најде патот до мрежата на Алисон.

Реакција некоја сигурно ќе има од страна на Јунајтед. Дали тоа ќе биде отказ, или целосна поддршка, ќе се знае по мечот.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...