Ова е некој друг Лукаку: Каков проектил на „белгискиот џин“ за Интер (видео)

Ромелу Лукаку во бројни ситуации беше исмејуван и критикуван поради неверојатните промашувања во дресот на Интер, но Белгиецот вечерва им ги затна устите на злобниците, постигнувајќи гол за паметење на дуелот против Сасуоло.

Се играше финишот од првото полувреме кога Лукаку најпрвин одлично се загради, а потоа испрати неверојатен удар од 25 метри што заврши во горниот агол од голот на гостите, за предност на „нероаѕурите“ од 1-0.

Прекрасниот погодок на Лукаку за водство на Интер против Сасуоло можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...